Search

Хамас го добиле предлогот за ​​прекин на огнот во Појасот Газа, но не го дале својот одговор

Хамас го добиле предлогот, договорен неодамна во Париз, за ​​прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, но се уште не го дале својот одговор, изјави вечерва советникот за медиуми на политичкото биро на тоа исламско движење. -Ние велиме дека сегашната фаза од преговорите е на нулта точка и во исто време, не можеме да кажеме дека постигнавме договор, изјави за Ројтерс советникот Тахер ал-Ноно. Катарското Министерство за надворешни работи малку порано соопшти дека Хамас дал „првична позитивна потврда“ за предлогот со кој ќе се ослободат израелските заложници и ќе се запрат борбите во Појасот Газа на одреден временски период. Во креирањето на предлогот во Париз учествувале Мосад, ЦИА, Катар и Египет.

Треба да знаете
Последни објави