Search

Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки повлечен од собраниска процедура

Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е повлечен од собраниска процедура поради административни причини. Тој се очекува да се најде на дневен ред на следната владина седница на која треба да биде дадено ново одобрение. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада, административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија, се вели во образложението од Владата. На 16 јануари, на 221-та владина седница едногласно, со консензус предложените законски измени беа изгласани да се достават до Собранието.

Треба да знаете
Последни објави