Search

Меџити апелира виновниците да се објават со име и презиме

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека му стојат на располагање на обвинителството за да ја обезбедат потребната дополнителна документација во врска со аферата на Онологија. Меџити апелира да се откријат сите сомнителни случаи, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но да не се генерализира одговорност кај целата лекарска фела. -Одговорно, најморално и професионално и како лекар, и како министер, велам оти нема да оставиме веќе работите во здравството со години да бидат нерешени проблематики. Оставам на истражните органи да се испита до крај и како што кажавме, со име и со презиме да се знае веќе кој е виновен – дециден е Меџити.

Треба да знаете
Последни објави