Search

За кучето кое искаса до смрт 82-годишна жена во Задар, приведен припадник на хрватските вооружени сили

Сопственикот на кучето стафорд кое искаса до смрт 82-годишна жена во Задар бил припадник на хрватските вооружени сили. -Припадниците на полкот на Воената полиција во соработка со полицијата приведоа припадник на армијата кого Управата на полицијата во Задар го товари за тешко кривично дело против општата безбедност, соопшти Министерството за одбрана. Оттаму додаваат дека е приведен во службените простории на задарската полиција. Тие се товарат за кривично дело сторено надвор од службена должност. -Воената полиција и понатаму ќе ги презема сите дејствија за утврдување на дисциплинска одговорност на тој припадник на вооружените сили, информираат од Министерството за одбрана. Како што претходно беше соопштено, во полициската управа Задар, вчера во раните утрински часови е пронајдена мртва 82-годишна жена со повреди кои укажуваат на насилна смрт. Во станот било пронајдено и американско куче од стафорд, сопственост на член на семејството. Во станот е извршен увид, а кучето е преземено од надлежната ветеринарна служба. Обдукцијата на жртвата утврдила дека таа починала како последица на каснување од куче, јавија хрватските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави