Search

(Видео) Беџети до Меџити: Дали Курти бара да формирате заедница на албански општини во С. Македонија !?

По средбата на четворицата лидери на политички партии на Албанците од Северна Македонија со премиерот на Косово, Албин Курти, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, гостуваше во дебатна емисија на косовската телевизија „Дукаѓини“. Универзитетиот професор од Тетово и поддржувач на Али Ахмети, Нури Беџети, кој исто така беше гостин во емисијата го критикуваше Меџити затоа што не гласал за Талат Џафери да стане премиер. Беџети, кој е поранешен припадник на ОНА и е на американската црна листа од 2001 година, го праша Изет Меџити и дали Албин Курти побарал од опозициските партии на Албанците во С. Македонија да формираат заедница на општините што се раководени од Албанци !

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Радио-телевизија Косово (РТК) го повика Курти јасно да каже дали неговата партија Самоопределување ќе учествува на парламентарните избори во земјава, коментирајќи ја вчерашната средба на Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити со премиерот и претседателот на парламентот на Косово.

Треба да знаете
Последни објави