Search

Јокиќ го надигра Адетокумбо, Дончиќ го растури Орландо

Кошаркарите на Денвер го победија Милвоки со 113:107, а Далас во драмтичен меч го победи Орландо со 131:129.

Никола Јокиќ со 14. трипл-дабл во сезоната, 119. во кариерата го предводеше Денвер. Српскиот кошаркар забележа 25 поени, 16 скока и 12 асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј со 35 поени. За Нагетс, Мајкл Портер Јуниор додаде 13 поени, а Кентавиус Колдвел-Поуп додаде 12 поени.

Во тимот на Бакс најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 29 поени, 12 скока и четири асистенции, Брук Лопез додаде 19, а Демијан Лилард 18 поени.

Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен меч, го предводеше Далас со 45 поени, девет скока и 15 асистенции.

Покрај Дончиќ одличен беше и Тим Хардавеј Јуниор со 36 поени, по 20 постигнаа Дерек Лајвли и Џејден Харди.

Во тимот на Орландо најубедлив беше Паоло Банкеро со 36 поени, Франц Вагнер постигна 21, а Ентони Блек имаше поен помалку.

Резултати:

Шарлот – Њујорк 92:113
Кливленд – ЛА Клиперс 118:108
Бостон – Њу Орлеанс 118:112
Бруклин – Јута 147:114
Мајами – Феникс 105:118
Хјустон – ЛА Лејкерс 135:119
Мемфис – Сакраменто 94:103
Оклахома – Минесота 101:107
Сан Антонио – Вашингтон 113:118
Далас – Орландо 131:129
Денвер – Милвоки 113:107
Портланд – Филаделфија 130:104

Треба да знаете
Последни објави