Search

Ќе бега ли ВМРО-ДПМНЕ од обврските и одговорноста во техничката влада?

Вчера беше изгласана третата преодна влада во историјата на независна Македонија. 

Речиси традиционално, изборот на преодната Влада не помина без одредени турбуленции и мали скандали.

Прво ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за изборот на Владата а потоа и не гласаше за изборот на замениците министри и дополнителните заменици министри, каде што опозициската партија има три позиции. 

ВМРО-ДПМНЕ продолжи на некој начин да ја бојкотира техничката Влада и на групната фотографија на новиот состав на Владата, каде на фотографијата ги нема министрите од оваа партија. 

Членовите на владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа ниту на приемот во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, со што вчерашниот ден го заокружија со бојкот на државниот орган во кој и самите тие учествуваат. 

За денеска се закажани примопредавања на фунцкиите, па останува да се види дали кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотираат и овие настани.

ВМРО-ДПМНЕ се противи на предлогот технички премиер да биде Талат Џафери иако немаше ништо против токму во нивен мандат да биде министер за одбрана. 

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во меѓувреме и пред изборот на составот, најави дека работата на техничката влада ќе била „хорор“. 

Дали тој хорор што го најавува Мицкоски ќе значи силна опструкција и кавги од страна на членовите на Владата од ВМРО-ДПМНЕ или можеби ќе значи апститенција од работа и терање на паралелна агенда, останува да се види. 

Како ќе се однесуваат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се види веќе на првата владанина седница. 

Инаку, кадри на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа проблематично и во последниот состав на преодната Влада во 2020 година. 

Тогаш техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи беше разрешена од функцијата откако пратениците утврдија дека таа го прекршила Уставот 

Треба да знаете
Последни објави