Шест лица повредени при отежнато слетување на авион на „Американ ерлајнс“ на аеродром на Хаваи

Еден патник и пет членови на екипажот се повредени при отежнато слетување на авион на „Американ ерлајнс“ на аеродромот Кахулуи на Хаваи, соопшти авиокомпанијата.

Повредените првично биле пренесени во болница, но подоцна сите биле пуштени дома.

„Летот 271 на „Американ ерлајнс“ од Лос Анџелес до Мауи имал проблеми при слетувањето“, соопшти „Американ ерлајнс“ за Си-Ен-Ен, додавајќи дека по слетувањето, авионот сам стигнал до излезот од аеродромот, каде патниците излегле од него.

Треба да знаете
Последни објави