Зеленски предупредува на опасност од трета светска војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на посилна воена поддршка од западните земји, предупредувајќи дека ако Украина не може да ја победи Русија, конфликтот ќе ескалира во трета светска војна. Зеленски очекува Германија да ја преземе водечка улога во Европа кога станува збор за воената поддршка за неговата земја. Украинскиот претседател за германските медиуми изјави дека канцеларот Олаф Шолц подобро ја разбрал вистинската природа на заканата по нивниот состанок во Берлин минатата година и дека Германија почнала да ја зголемува воената поддршка. Зеленски смета дека ако Украина не издржи во војната, Русија ќе се приближи до ЕУ, а тоа ќе занчи и закана за европските и балтичките земји кои би можеле да бидат следната цел на Москва по Украина. -Канцеларот Шолц разбира дека постои таков ризик, а тоа е дефинитивно трета светска војна. Ако Русија ја погоди оваа или онаа земја на НАТО, тоа во секој случај би значело почеток на трета светска војна, рече украинскиот претседател во интервју за телевизијата АРД.

Треба да знаете
Последни објави