За седум дена казнети 237 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 22.01. до 28.01.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 137 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Треба да знаете
Последни објави