Search

Даниел Живковиќ е нов претседател на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора

Даниел Живковиќ, доскорешен вршител на должноста претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС), беше избран за нов претседател на таа партија, со повеќе од 96 отсто од гласовите, на првите непосредни внатрепартиски избори.

Изборачкото право го искористиле 71,78 отсто од партиските членови, а гласањето се поминало без нерегуларности.

За потпретседатели на ДПС се избрани Александра Вуковиќ-Куч, Иван Вуковиќ, Јевто Ераковиќ и Абаз Диздаревиќ. Живковиќ го поддржале 16.492 членови, а против биле 290. Иван Вуковиќ освоил 10.824 гласа, Александра Вуковиќ-Куч 10.723, Јевто Ераковиќ 9.866, Диздаревиќ 6.016.

Душан Раичевиќ освои повеќе гласови од Диздаревиќ – но не беше избран затоа што еден кандидат мора да биде од малцинствата.

„Најважно е ДПС по овој изборен ден да излезе многу посилна и подобра во својата содржина“, рече новоизбраниот претседател Живковиќ на прес-конференцијата за медиумите на која беа објавени резултатите од изборите во нивната партија. 

Треба да знаете
Последни објави