Search

Де Јоинг: Чави добро си ја врши работата виновни сме ние играчите !

Холандскиот фудбалски интернационалец од редовите на актуелниот шпански првак Барселона, Френки де Јонг, го прокоментира поразот од Вилјареал (3:5) во 22. коло на Ла Лига. Барселона во трката за одбрана на шампионската титула сега заостанува десет бода зад лидерот Реал Мадрид. Тренерот на тимот од „Камп Ноу“, Чави Хернандез по овој шок најави дека на крајот од сезоната ќе замине од клупата на Барселона.
-Мораме да се подобриме бидејќи тоа едноставно не може да и се случува на Барселона. Кога ќе се вратиш од 0-2, немаш право да дозволиш таков контранапад. Тоа почна да ни се случува премногу често. Во моментов има целосна доверба во тренерот и стручниот штаб, тие одлично си ја вршат работата. Сето тоа е наша вина, виновни се играчите – ако нешто не функционира, тоа е наша вина, изјави Де Јонг.

Треба да знаете
Последни објави