Search

Чави на крајот од сезоната ја напушта клупата на Барселон

Веднаш по поразот од Виљареал (5:3), спортската комисија на Барселона се состана и одлучи во следната сезона да влезе со нов тренер, објави „Марка“.

По состанокот, претседателот на клубот Џоан Лапорта го повика тренерот Чави Ернандез.

Двајцата поминаа неколку минути во канцеларија.

По средбата Чави објави дека си заминува на крајот од сезоната.

“Сакам да објавам дека од 30 јуни нема да бидам тренер на Барселона. Разговаравме, ситуацијата заслужува промена на курсот и не можам да ја дозволам оваа ситуација. На клубот му треба промена на динамиката. Размислувајќи за клубот, за играчи, има преголема тензија Најдобро е да си заминам. Ќе го дадам максимумот до крајот, мислам дека можеме да имаме одлична сезона“, изјави Чави на прес-конференцијата.

Треба да знаете
Последни објави