Search

Спасовски го пречека Вучиќ на одбележувањето на Свети Сава

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечевра присуствуваше на одбележувањето на Свети Сава денот на српската заедница во Македонија, на чиј настан специјален гостин беше српскиот претседател Александар Вучиќ.

„На овој особено значаен ден за српската заедница во Република Северна Македонија и православните верници, изразувам најискрени честитки по повод празникот на Свети Сава. Овој празник не само што ја одразува важноста на верата и културата, туку и го засилува нашиот мултиетнички и мултирелигиозен идентитет.

Нека овој ден биде прилика за обединување и заедничко прославување на нашите различности. Споделувајќи го богатството на нашите култури и вредности, градиме посилно општество.

Ви посакувам радосни празнични моменти со желба за добро здравје, духовен мир и општа благосостојба“ се вели во честитката на Спасовски.

За многу години!

Треба да знаете
Последни објави