Search

ОН: повеќе од 2,2 милиони луѓе се изложени на ризик од глад во Газа

Директорот на Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања во Газа, Георгиос Петропулос денеска изјави дека повеќемесечната војна меѓу Израел и Хамас доведе до опасност од глад на 2,2 милиони луѓе во Појасот Газа.

„Сега на сите во Газа им е потребна помош и војната мора да престане. Можеме да задоволиме само една третина од потребите на населението за чиста вода за пиење“, изјави претставникот на ОН за Ал Џезира.

Тој посочи дека медицинските и хуманитарните капацитети во Газа мора да бидат заштитени и неопходно е хуманитарната помош непречено да се доставува до блокираната територија.

Треба да знаете
Последни објави