Search

Голем пожар во Ливерпул, изгоре четирикатница

Голем пожар денеска избувна во четирикатница во Ливерпул, но пожарникарите вечерва соопштија дека инцидентот повеќе не се третира како голема опасност, јави Би-Би-Си.

-Со успешна акција на пожарникарите, пожарот во значителна мера е потиснат – соопшти пожарникарската и спасувачка служба на округот Мерсисајд (MRFS).

Пожарот избувнал околу 15:20 часот по локално време, а на местото на инцидентот излегле 12 противпожарни возила.

Од МФРС изјавија дека засега нема извештаи за жртви, додека пожарот го гаснат повеќе од 50 пожарникари.

Се додава дека околните згради се евакуирани, бидејќи постоела опасност четирикатницата да се урне во пламен.

Треба да знаете
Последни објави