Search

ВМРО-ДПМНЕ блокира НАТО закон заради Законот за бранители а заборавија дека во 2008 имаа 61 пратеник

Измените на Законот за вработени во Министерството за одбрана, се уште не се донесени, а актуелниот пратенички состав е при крајот на својот мандат. 

Главна причина за неизгласувањето на Законот се блокадите од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го условуваат гласањето се додека прво не се донесе  Законот за посебните права на бранителите со кој се обештетуваат 10 семејства на загинати македонски бранители.

Останува нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ која 11 години беше власт а неколку години и сама имаше над 61 пратеник во Собранието, не успеа или поточно кажано, не сакаше да го донесе Законот за посебните права на бранителите.

Со блокадата на Законот за вработени во Министерството за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ не дозволува вработените да добиваат двојно поголеми плати, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

„Можам да кажам слободно дека платите ќе се зголемат и двапати повеќе. Значи раководителите на Секторите ако се цивилни, односно административни службеници би земале некаде околу просечната плата во администрацијата, зборам за тој ранг околу 40.000 денари, додека ако на позицијата има поставено воено лице кое има чин полковник, платата на тоа лице е некаде околу 76.000 денари“ рече Петровска неодамна.

Покрај повисоките плати, постојат и низ други поволности што ги овозможува новиот Закон, како што е вработување без јавен оглас за работни места кои се дефинирани како критична специјалност, вработување без јавен оглас на лице со попреченост, работен однос без јавен оглас за еден невработен член на семејството на починат вработен во МО и на припадник на безбедносните сили, создавање на услови за градење на персонал за работа на НАТО позиции, пензионирање со 40 год пензиски стаж за мажи или 35 за жени или 64 години мажи, 62 жени од кои најмалку 15 години работен стаж во МО, бенефициран раб стаж 12/15, -пензија во висина од 80% од просечна нето плата од најповолните 10 години од пензискиот стаж.

Треба да знаете
Последни објави