Search

Бојмацалиев го честиташе празникот Свети Сава

Шефот на кабинет на министерот за внатрешни работи и иден дополнителен заменик министер во МВР, Митко Бојмацалиев упати честитка кон припадниците на српската заедница во земјава по повод празникот Свети Сава.

„Почитувани граѓани,

Дозволете ми да упатам срдечни честитки до српската заедница во Република Северна Македонија, како и до сите православни верници, а по повод големиот христијански празник Свети Сава. Свети Сава бил првиот српски архиепископ и просветител чие дело е нераскинлив дел од културното наследство на српската заедница во нашата држава. Како млад жеднеел за духовен живот и со ревност го поминал подвижничкиот раст, а во својата духовна зрелост ги измирувал Србите со соседните народи.

Токму затоа, славејќи го и почитувајќи го празникот на овој голем христијански светец придонесуваме за традиција која ги негува културните различности и ги зајакнува соживотот и добрососедските односи. Нека патот на Свети Сава, пат на меѓусебна почит, разбирање и подадена рака, биде мост за градење доверба и меѓусебна почит – темели на кои го развиваме нашиот концепт Едно општество за сите, преку кој заеднички градиме просперитетна иднина за сите наши граѓани.

Ви посакувам радосни празнични моменти со желба за добро здравје, духовен мир и општа благосостојба. Нека е за многу години“ стои во честитката.

Треба да знаете
Последни објави