Search

Џафери го достави предлогот до Собранието со министрите од ВМРО-ДПМНЕ, утре ќе се бира техничка влада

По седум години како претседател на Собранието, Талат Џафери се подготвува да седне на премиерското столче. Составот на техничката Влада, е доставен до Собранието. Двајца нови технички министри, пет дополнителни заменици министри и ротација на позицијата прв вицепремиер. Останатите досегашни министри и заменици остануваат на своите позиции и во техничката влада.

Во составот се најдоа и имињата на техничките министри од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако претходно имаше најави дека можно е местата предвидени за министрите од опозицијата да останат празни, поради ставот дека нема да гласаат за техничката Влада, сепак во документот на Џафери стојат и нивните имиња.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и денеска повтори дека партијата останува на ставот дека утре нема да ја поддржи техничката влада.

Треба да знаете
Последни објави