Search

Во МНТ отворена Академијата Свети Сава, присуствува и Вучиќ

Во Македонскиот народен театар вечерва започна свечената академија по повод одбележувањето на националниот празник на Србите во Северна Македонија, празникот Свети Сава, на која за прв пат присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На академијата ќе говори Вучиќ, а ќе говорат и претседателот Стево Пендаровски и поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

Во Северна Македонија, 27 јануари е национален празник на Србите од 2007 година, а централната церемонија се одржува секоја година во Скопје.

Годинава беше воспоставена и програмата „Светосавска недела“ во чии рамки се реализираа низа активности поврзани со четирите Светосавски академии во четири града, Куманово, Скопје, Тетово и Битола.

Манифестацијата Денови на Свети Сава во Северна Македонија започна на 25 јануари и ќе траат до 4 февруари, а финалето е во Битола.

Треба да знаете
Последни објави