Search

ВО ЕВРОПА ПРИСТИГНУВА МОЌНИОТ АНТИЦИКЛОН “ЗЕВС” – Привремено ќе ја убие зимата и ќе донесе високи температури!

Метео анализа на Славчо Поповски:

Ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија се согласуваме со европските  и со балканските метеоролози дека следната седмица во цела европа пристигнува силниот антициклон “Зеус“. Тој и тоа како на некое време ќе ја убие зимата  и ќе донесе невообичаено високи температури насекаде низ континентот, дури и над 15 степени.

Во центарот на овој антициклон воздушниот притисок ќе биде многу висок (дури 1035 хехтопаскали).

Едно е сигурно, до 6-7 февруари вистинска зима и нови врнежи од снег ширум континентот не се очекуваат, што значи дека ќе има недостаток на врнежи, како од дожд, така и од снег.

Кај нас во Македонија овој антициклон кон средината, и крајот на следната седмица ќе ги покачи максималните дневни температури кога тие ќе достигнат во интервалот од 7 до 16 степени, но од друга страна наутро ќе биде многу студено како што и претходно кажавме и температурите во утринските часови кај нас ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.

Ќе има места каде наутро температурите на воздухот ќе се спуштат и под -10 степени, со што очекуваме  и појава на силен утрински мраз.

Од средината на следната седмица ќе имаме  и многу сонце, па токму поради ведрите ноќи и утра  и температурите ќе бидат многу ниски.

Треба да знаете
Последни објави