Search

Аеродром затрупан во ѓубре, „Комунална хигиена“ не ги празни контејнерите

-По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, реагираат од Општината.

Оттаму додаваат дека и покрај фактот дека жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината.

-Напоменуваме дека општина Аеродром е важен и неизоставен дел од градот и во таа насока уште еднаш апелираме до Градот Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за подобрување на хигиената во Аеродром, стои во реакцијата

Треба да знаете
Последни објави