Search

Јокиќ и Дончиќ стартери на Ол стар натпреварот

Познати се стартните петорки за Ол-стар натпреварот во Индијанаполис. По 2017 година, мечот на сите ѕвезди повторно ќе се игра по стариот систем, Истокот против Западот.

Во стартната петорка на Западот ќе бидат ѕвездите на Денвер и Далас, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Заедно со нив во тимот ќе бидат капитенот на тимот е Леброн Џејмс кој по 20-ти пат ќе игра на Ол-стар натпреварот, односно Кевин Дурант и Шеј Гилџес Александер.

Истокот го има капитенот Џанис Адетокумбо, кој го бележи својот осми настап, како и неговиот соиграч од Милвоки, Демијан Лилард.

Тука се и актуелниот МВП Џоел Ембиид, како и Џејсон Тејтум и Тајрис Халибартон.

Ол-стар натпреварот ќе биде на програмата на 19 февруари во домот на Индијана Пејсерс.

Треба да знаете
Последни објави