Search

Дебакл на Денвер во Њујорк, Бостон го згази Мајами

Дебаклот на Денвер во Њујорк, ипресивната победа на Бостон во Мајами и поразот на Филаделфија во Индијанаполис ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Денвер во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк го одигра најлошиот меч од почетокот на сезоната. Никс славеа со 122:84. Онуоби со 26 и Брансон со 21 поен го предводеа Њујорк. Кај Денвер кој погоди само 20 отсто од обидите за три поени, на вообичаеното ниво беше само Јокиќ со 31 поен и 11 скокови.

Големите ривали Мајами и Бостон се сретнаа во реприза на минатогодишното финале на Истокот. Немаше возбудувања, Бостон ги уништи Хит на Флорида, „Врелина“ замрзна на -33 (110:143). Тејтум постигна 26 поени, Порзингис 18 пред да го повреди зглобот. Селтикси погодија 22 тројки, ова е петти последователен пораз за Хит.

Серијата на Филаделфија заврши во Индијанаполис. Индијана Пејсерс славеа победа 134:122. Во отсуство на повредениот Халибартон, Пејсерс ги предводеше засилувањето од Торонто, Паскал Сијакам, со шестиот трипл-дабл во кариерата (26 поени, 13 скока и 10 асистенции). Кај гостите Џоел Ембид имаше 31 поен и седум скока.

Резултати:

Индијана – Филаделфија 134:122
Вашингтон – Јута 108:123
Бруклин – Минесота 94:96
Мајами – Бостон 110:143
Њујорк – Денвер 122:84
Голден Стејт – Сакраменто 133:134
ЛА Лејкерс – Чикаго Булс 141:132.

Треба да знаете
Последни објави