Search

Евтината намирница која ефикасно го решава проблемот со испуканите петици

Здравите нокти и коса се она кон што се стреми секоја припадничка на понежниот пол, а не смееме да заборавиме и на испуканите петици, па еве неколку совети како да ги негувате. Ако сакате да го направите тоа дома за да заштедите време или пари, тоа е едноставно.

Главната состојка која помага при многу проблеми со стапалата е состојка без која ниту една кујна не е комплетна – јаболков оцет. Јаболковиот оцет е широко користен во народната медицина бидејќи содржи оцетна киселина која има силно антимикробно дејство.

Јаболков оцет против суви и испукани петици

Парче памучна вата добро натопете во јаболков оцет, па нанесете го на проблематичната област. Заштитете ја да не падне – со завој, селотејп или поцврсто чорапче – и оставете ја да отстои преку ноќ.

Повторувајте го третманот неколку пати неделно, додека вашата кожа не омекне, а потоа полесно ќе се отстрани вишокот на мртва кожа.

Јаболков оцет против курјо око

Скршете 3 до 5 таблети аспирин, а потоа во правот додадете малку јаболков оцет. Смесата ставете ја на курјото око и завиткајте го во крпа или завој и оставете ја 10 до 15 минути, а потоа извадете ја и со камен отстранете ги мртвите клетки од стапалото.

Јаболков оцет против габички на нозете

Истурете топла вода и еднаква количина јаболков оцет во садот, односно вода и оцет во сооднос 1:1. Потопете ги стапалата и оставете ги 30 минути, а најважно е целосно да ги исушите откако ќе ги извадите стапалата од оваа купка.

Повторувајте секојдневно, но не повеќе од три пати на ден.

Треба да знаете
Последни објави