Шпански предизвик за „Ѓорче Петров“ во завршницата од ракометниот Европски куп

Ракометарките на Ѓорче Петров во четвртфиналето од Европскиот куп ќе ги одмерат силите со шпанскиот тим Елче Мустанг. Така одлучи денешната ждрепка за двојките во третото по квалитет европско клупско ракометно натпреварување во женска конкуренција. Ривалот на м акедонскиот женски првак Ѓорче Петров во моментов е на третата позиција во првенството на Шпанија. Првиот натпревар од четвртфиналната пресметка се игра во Елче на 10/11 март, а седум дена подоцна е резбаншот кпој ќе се игра во салата во „Автокоманда“. Ако македонскиот првак Ѓорче Петров го добие двомечот со Елче во полуфиналетоо ќе игра повторно против шпански состав и тоа со победникот од пресметката помеѓу Гранољерс и Гран Канарија.

Треба да знаете
Последни објави