Гоф прва полуфиналистка на АО

Коко Гоф е првата полуфиналистка на Австралија Опен.

Четвртата тенисерка во светот во трилер меч и три часа игра ја совлада 37. на ВТА листата, Украинката Марта Костјук со 7:6 (6), 6:7 (3), 6:2.

Костјук започна одлично, имаше два брејка и големи 5:1, но потоа наеднаш попушти.

Гоф го прифати подарокот, постепено се врати во игра и од 1:5 стигна до 6:5.

Кога сервираше за сетот, Коко не успеа, Костјук направи брејк и избори тај-брејк. Украинката не искористи сет топката при 6:5, Коко врза три поени и поведе со 1:0.

Вториот сет почнаа со размена на брејкови 1:1.

Гоф направи уште еден во шестиот гем за 4:2, а потоа видовме уште три брејка во низа.

На 5:3 Гоф сервираше за меч, но раката и затрепери, Костјук го врати брејкот за да намали на 5:4, а потоа израмни.

Набрзо стигнаа до нов тај-брејк, а таму подобра беше Костјук со резултат 7:3.

Гоф одигра фуриозно во решавачкиот сет, стигна до 5:0, но не можеше да го добие сетот со нула.

Костјук врати еден брејк намалувајќи на 5:1, а потоа и 5:2.

Сепак, Гоф следниот пат беше сигурен и стигна до 6:2 и до победата.

Таа во полуфиналето ќе игра со победничката од мечот меѓу Барбора Крејчикова и Арина Сабаленка.

Треба да знаете
Последни објави