Search

Ако постојано ви се јаде благо, телото ви испраќа сериозен сигнал за тревога

Постојаната потреба за слатко кога сте на ригорозна диета не е нешто невообичаено, но доколку се храните урамнотежено, би требало да проверите дали сè е во ред со вашата крвна слика, зашто тоа може да укажува на одредени здравствени проблеми.

Шеќерот го стимулира лачењето на серотонин (хормонот на среќата) и ендорфин (кој нè смирува), па тешко се откажуваме од слатките. Од друга страна, многу студии од областа на холистичката медицина, покажуваат дека потребата за одредени намирници е јасен знак дека на телото му се потребни повеќе хранливи материи.

Еве кои се причините за постојаната потреба од слатки:

Флуктуација на шеќер во крвта

Ако не можете да ја задоволите потребата за слатко, тоа значи дека на вашето тело му е потребно повеќе „гориво“ за одржување на шеќерот на стабилно ниво. Ова се случува доколку ги прескокнувате оброците или тие се неизбалансирани. Оброците кои вклучуваат протеини, сложени јаглехидрати и влакна на вашиот организам му ги даваат потребните хранливи состојки, кои го оневозможуваат постојаниот пад на шеќер во крвта.

Дехидратација

Кога нашето тело е дехидрирано, исто така може да чувствуваме потреба за благо, бидејќи организмот честопати ги меша чувството за глад и жед. Затоа пред да посегнете по слатките, напијте се чаша вода!

Недостаток на магнезиум

Во последните неколку години, сè поголем број експерти укажуваат дека постојаната желба за благо е чест показател дека на нашето тело му недостасува магнезиум. Ова е особено честа појава кај луѓето кои постојано јадат чоколадо. Недостатокот на магнезиум е особено проблематичен во текот на месечниот циклус бидејќи симптомите на ПМС, како што е раздразливоста, се поизразени кај жените на кои им недостасува овој минерал, што дополнително ја зголемува нивната желба за слатки. За да го надминете овој проблем, зголемете го внесот на храна богата со магнезиум, како спанаќ, мешунки, јаткасти плодови или семки. Погрижете се секој ваш оброк да содржи некоја од споменатите намирници и желбата за слатко постепено ќе се намалува.

Недостаток на витамини и минерали

Од друга страна, ако имате постојана потреба од овошје, тоа значи дека на вашето тело му недостасуваат витамини и минерали. Иако нема ништо лошо во консумирањето овошје, доколку вашата желба е претерана, нутриционистите советуваат да го комбинирате со протеини, како путер од бадем или други јаткасти плодови, кокосов јогурт и слично.

Стрес

Конечно, желбата за шеќер најчесто се јавува кога сме под стрес бидејќи, како што рековме, го поттикнува лачењето на серотонин и ендорфин. Сепак, иако шеќерот ни помага да се чувствуваме подобро во моментот, тој не го решава проблемот. Така, многу поефикасно ќе се ослободите од стресот ако почнете да вежбате или барем пешачите.

Треба да знаете
Последни објави