Search

Објавен трејлерот за новиот филм на Џеј Ло, се појавува и Бен Афлек

Џенифер Лопез ќе го објави краткиот филм This is Me… Now: A Love Story заедно со нејзиниот претстоен албум. 65-минутниот филм ќе се емитува на платформата Амазон Прајм од 16 февруари. Џенифер ќе глуми жена која се обидува да најде нова љубов додека се соочува со различни предизвици, како што се гласините дека е зависничка од секс.

Филмот е режиран од Дејвид Мејерс и е опишан како „кинематографска Одисеја водена од наративот, натопена во митолошки приказни и лично исцелување“.

Меѓу другите, улоги ќе има Тревор Ноа, Софија Вергара, Пост Мелоун и Кеке Палмер, како и Бен Афлек, кој е сопруг на познатата пејачка во реалниот живот.

Треба да знаете
Последни објави