Search

Владата предложи закон со кој ќе може да се конфискува имот и без правосилна судска одлука

Владата на денешната 222 седница го утврди текстот на Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка.

Со цел да се надминат правни празнини коишто претставуваат реален предизвик за демократијата и владеењето на правото, како што е посочено во Образложението од предлагачот, Министерството за правда, пристапено е кон уредување на прашањата за конфискација без осудителна пресуда, односно конфискација на имот во граѓанска постапка.

Предложените законски решенија, како што е посочено, се во согласност со документи подготвени од странски и домашни експерти, преку проект на Советот на Европа, а во коишто се оценува дека секое спречување на ланецот на користење имот и имотна корист од кривично дело, за кое има или нема правосилна судска одлука, значи поголем успех на државата да го заштити доброто на заедницата и на поединецот од организираниот криминал и корупција и нечесно стекнување на имот.

Треба да знаете
Последни објави