Search

(Фото) Ковачевски вечерва ги пречека Вучиќ и Рама

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски вечерва ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама кои утре ќе учествуваат на лидерскиот состанок за Планот за раст за Западен Балкан.

„Во пресрет на утрешниот Лидерски состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ.

Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност“ објави Ковачевски на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави