Search

ФИФА најави имплеметација на радикална мерка по последниот скандал со расизам во Серија А

Расизмот и Италија со години наназад одат во иста реченица и имаме видено безброј невкусни епизоди, а последната дојде вчера во Удине каде домашните навивачи на „Фриули“ го разбеснија Мајк Мењан.

Голманот на Милан го прекина мечот и се упати кон соблекувалната, но потоа се врати и го доигра натпреварот на кој неговиот Милан направи завршен пресвт и победи со 2:3.

Францускиот голман посочи дека победата на неговиот тим е најдобар одговор за расистите, за кои Удинезе како клуб најави дека ќе помогне да се откријат во целост и да се пријават во полиција.

Овој скандал во Серија А е еден од многубројните во Европа, па Џани Инфантино како прв човек на ФИФА најави многу поригорозна мерка која би требало да се практикува во иднина.

– Досега имаме преземено три чекор за расистички случаи. Да се прекине мечот, да се доигра мечот и да се напушти мечот. Треба да воведеме уште една мерка, а тоа е автоматско губење на трите бода за клубот чии навивачи режираат расистички епизоди.

– Покрај ова, треба да се воведе целосна забрана за посета на било кој стадион и жестоки кривични казни за расистите, – порача Инфантино.

Треба да знаете
Последни објави