Search

Манчестер јунајтед го „украде“ директорот на градскиот ривал Сити

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед кому не му оди во последните сезони потврди дека нов извршен директор ќе биде Омар Берада, кој доаѓа од редовите на градскиот ривал Сити. Берада (46 г.) осум години помина во редовите на актуелен англиски и европски првак Манчестер сити и се смета за еден од најзаслужните за големите успеси на „граѓаните“ изминатите години. -Клубот е решен да ги врати фудбалот и перформансите на теренот. Назначувањето на Омар го претставува првиот чекор на ова патување. Како еден од најискусните фудбалски директори во врвот на европскиот фудбал, Омар ќе донесе богатство на фудбалската и комерцијална експертиза, со докажано искуство за успешно лидерство и страст да помогне во водството на промените низ клубот, се вели во клупското соопштение на Манчестер јунајтед. Зад овој потег, кој е изненадувачки, стои човекот кој купи 25% од акциите, сер Џим Ретклиф, кој е задолжен за фудбалски операции.

Треба да знаете
Последни објави