Search

Ембид во форма, Филаделфија победува

Филаделфија славееше на гостувањето кај Шарлот со 97:89, а Камерунецот со американски пасош Жоел Ембид, беше во центарот на вниманието. За речиси 37 минути поминати на паркетот, Ембид постигна повеќе од третина од поените на неговиот тим (33), а имаше и 10 скока и 5 асистенции и повторно беше најзаслужен за триумфот на Филаделфија. Ова беше 20. натпревар во низа на кој Ембид ја мина границата од 30 поени, а во исто време Филаделфија ја оствари петтата победа по ред. Тоа не ѝ донесе напредок на табелата затоа што и натаму е на третото место во Источната конференција, а и второпласираниот Милвоки оствари победа синоќа. Резултати: Детроит – Милвоки 135:141, Вашингтон – Сан Антонио 127:131, Шарлот – Филаделфија 89:97, Њујорк – Торонто 126:100, Атланта – Кливленд 95:116, Минесота – Оклахома 97:102, Хјустон – Јута 127:126, Чикаго – Мемфис 125:96.

Треба да знаете
Последни објави