Search

Најдобрата светска тенисерка Швјонтек елиминирана на Австралија Опен

Чешката тенисерка Линда Носкова приреди денеска големо изненадување на Австралија Опен, откако во третото коло на грен – слем турнирот во Мелбурн ја совлада прворангираната на ВТА листата Ига Швјонтек од Полска со 3-6, 6-3, 6-4.

За 19-годишната Носкова, 50 на ВТА листата, ова е најголема победа во кариерата и прва против најдобрата светска тенисерка, а до триумфот дојде по два часа и 22 игра.

Последна чешка тинејџерка која триумфираше над водечката на ВТА листата беше Петра Квитова, која на 19-годишна возраст ја совлада Динара Сафина во третото коло на Ју Ес Опен во 2019 година.

Носкова во осминафиналето на Австралија Опен ќе игра против поуспешната од дуелот меѓу Елина Свитолина и Викторија Голубиќ. 

Треба да знаете
Последни објави