Search

Стартуваат 4. Зимски младински игри во Гангвон, настапуваат четворица македонски спортисти

Во јужнокорејскиот град Гангвон денеска со свечена церемонија ќе бидат отворени 4. Зимски младински олимписки на кои меѓу над 1.800 спортистки и спортисти, на возраст од 15 до 18 години, од околу 80 земји, ќе настапат и четворица македонски претставници, по двајца во двете конкуренции.

Македонското знаме на отворањето ќе го носат Андријана Кајевска и Давид Торевски.

Каевска, заедно со Благоја Најденоски, ќе настапат во биатлон, додека Торевски и Матеа Трајковска ќе се натпреваруваат во крос кантри.

Игрите во Гангвон кој свечено ќе бидат затворени на 1 февруари, се први во историјата на кој ќе се применува правилото за родова еднаквост што значи дека бројот на дисциплини во олимписката програма ќе биде еднаков и за спортистите и за спортистките, по 34.

Гангвон е првиот домаќин на Зимските младински олимписки игри надвор од Европа, по Инсбрук 2012, Лилехамер 2016 и Лозана 2020. 

Треба да знаете
Последни објави