Search

Спектакуларен пресврт на Андреева за пласман во четвртото коло

Руската тинејџерка Мира Андреева направи спектакуларен пресврт и се пласираше во четвртото коло на Австралија опен.

Оваа 16-годишна девојка ја елиминира Французинката Дајан Пари со резултат 1:6, 6:1, 7: 6 (5).

Откако двете тенисерки на супериорен начин добија по еден сет, во третиот Пари водеше со 5:1, но тоа не и беше доволно за победа. Андреева успеа да се врати во мечот, а потоа во супе тај-брејкот ја однесе победата.

Андреева, во следното коло ќе игра против подобрата од дуелот Сторм Хантер – Барбора Крејчикова.

Треба да знаете
Последни објави