Search

Поранешниот светски шампион во скок со стап почина на 29-годишна возраст

Канадскиот атлетичар Шон Барбер, светски шампион во скок со стап во 2015 година, почина на 29-годишна возраст.

Според неговиот менаџер Пол Дојл, Барбер починал во својот дом во Кингвуд, Тексас, а причината за смртта се уште не е позната.

Во 2015 година, Барбер го освои златото на Светското првенство во Пекинг со скок од 5,90 метри.

Една година подоцна, тој успеа да стигне до финалето на Олимписките игри што се одржаа во Рио де Жанеиро.

Со скок од 6,00 метри и понатаму е канадски државен рекордер.

Треба да знаете
Последни објави