Search

Овој викенд голем снежен бран во Македонија – Следната седмица поларни температури до околу -20 степени!

Метео анализа на Славчо Поповски

За време на овој викенд, како што веќе подолго време најавуваме, територијата на Македонија ќе биде зафатена од голем снежен бран кој ќе донесе обилни врнежи од снег и снежна бајка насекаде низ државава. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, а поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

На планините и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30 – 40 цм, а во градовите во западните предели таа понекаде ќе има висина и до околу 30 цм. Во Скопскиот регион, како и во централните, источните и во југоисточните предели таа ќе биде со висина од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе.

По овој снежен бран, следната седмица ќе имаме поларни температури кој на повеќе места наутро ќе се спуштат и до околу -10 степени, понекаде и до -15 степени. Ќе има места каде што температурата во раните утрински часови ќе се спушти дури до околу -20 степени. Многу студено и со температури на повеќе места под нулата ќе биде и преку ден, само на некои места, особено во најтоплите централни и југоисточни предели таа ќе се искачи за неколку степени над нулата.

Со ваквите наши најави, апелираат и од ЈП “Македонија пат”, да се вози внимателно, како на планинските превои, така и во градовите. Секако тие ќе бидат на терен и постојано ќе ги расчистуваат патиштата.

Треба да знаете
Последни објави