Search

И Перишиќ се врати на „Пољуд“

По Никола Калиниќ и Иван Перишиќ се врати во редовите на лидерот во хрватскиот фудбалски шампионат сплитски Хајдук. Перишиќ пристигнува на „Пољуд“ како позајмен играч од редовите на англискиот премиерлигаш Тотенхем. Поранешниот хрватски репрезентативец Перишиќ се рехабилитира од повреда на коленото и првиот меч за „белите“ ќе го одигра при крајот на април.

Перишиќ е дете на Хајдук и доаѓа во матичниот клуб да помогне да се освојат титули. Како и Калиниќ и тој ќе игра за месечна плата од 1 евро, но ќе добива одредени бонуси доколку се остварат целите на клубот.

Треба да знаете
Последни објави