Search

Во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци има една жртва

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци, поради што вечерва сообраќајот е во прекин во двата правци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила. -Во ПС Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка “мерцедес”, “опел корса” и “хјундаи”. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на ПС Гевгелија, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова. Од 19:45 часот сообраќајот на регионалниот пат Богданци – Гевгелија е во прекин во двата правци, поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ. -Патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку с.Богородица. ТППЕ Гевгелија е излезена со 1 пп возило и 3 пожарникари, како и екипа на ПС Гевгелија кои вршат увид на местото на настанот, соопштуваат од регионалниот ЦУК Струмица. 

Треба да знаете
Последни објави