Search

Пентагон: САД не се во војна со Хутите, нападите се чисто одбранбени по природа

Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг денеска изјави дека Соединетите Американски Држави не се во војна со јеменските Хути.

Таа на брифинг со новинарите рече дека американските напади врз јеменските милитанти биле „исклучиво одбранбени по природа“.

„Ние не сме во војна со Хутите. Тие се оние кои продолжуваат да лансираат крстосувачки и противбродски ракети кон невини луѓе. Она што го правиме со нашите партнери е самоодбрана“, рече Синг.

ретходно денеска, САД извршија нов напад врз противбродски ракети на јеменските милитанти Хути, а воените претставници објавија дека станува збор за „превентивен напад“ бидејќи Хутите наводно подготвувале нов напад врз комерцијални и воени бродови во Црвеното Море.

Тоа беше петти американски напад врз јеменските милитанти во изминатата недела, а нападите уследија откако Хутите беа насочени кон трговски бродови во Црвеното Море во знак на протест против израелската офанзива на Појасот Газа.

Американската војска прексиноќа изведе нов бран ракетни напади од бродови и подморници врз локации во Јемен под контрола на Хутите, кои претходно ја презедоа одговорноста за нападот на американскиот товарен брод „Генко Пикарди“.

Хутите претходно најавија дека нема да се двоумат да ги таргетираат сите цели кои се закана за арапскиот свет и Црвеното Море со „легитимно право да го бранат Јемен и да ја продолжат својата поддршка на угнетените Палестинци“.

Јеменската група истакна дека нема да се откажат од поддршката за Палестинците и дека дури и фактот што Соединетите Американски Држави повторно ги вклучија во листата на глобални терористички организации не може да ги одврати од тоа.

Треба да знаете
Последни објави