Search

Пвата сензација во Мелбурн ја приреди Казо елиминирајќи го Руне

Четвртиот ден на првиот сезонски гренд-слем тениски турнир Австралија опен го донесе првиот сензационален резултат. Данскиот натпреварувач Холгер Руне е прв топ-10 тенисер кој го заврши својот настап во Мелбурн. Подобар од него беше малку познатиот, 122. светски рекет Французинот Артур Казо, кој по 3 часа и 23 минути игра славеше со 3:1 (7:6, 6:4, 4:6, 6:3). Казо има 21 година, а пласманот во третото коло му е најдобар резултат на еден гренд-слем турнир. Во следната рунда, Казо ќе се сретне со 28. носител Талон Грикспор од Холандија кој денеска беше подобар од Филс од Франција.

Треба да знаете
Последни објави