Search

НАТО најави најголема воена вежба

Околу 90.000 војници ќе учествуваат во вежбата на НАТО “Steadfast Defender 2024”, најголемата во последните неколку децении, која ќе започне следната недела и ќе трае до мај, соопшти денеска врховниот командант на НАТО за Европа Крис Каволи.

– Алијансата ќе ја демонстрира својата способност да ги зајакне евроатлантските области преку трансатлантското движење на силите од Северна Америка – изјави американскиот генерал пред новинарите во Брисел по дводневниот состанок на шефовите на одбраната.

Воените трупи кои ќе учествуваат на вежбата, според Каволи, ќе бидат од земјите на НАТО сојузниците и од Шведска.

Претходно, британското Министерство за одбрана објави дека 20.000 припадници на британската армија ширум Европа ќе учествуваат на голема вежба на НАТО што ќе ја одбележи 75-годишнината од Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави