Search

За една вечер „паднаа“ пет дилери во Битола

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, 17.01.2024 во Битола, полициски службеници од криминалистичка полиција при СВР Битола ги уапсиле лицата Б.А.(20), В.Ј.(23), Г.Р.(20), Ј.Д.(20) и еден малолетник, сите од Битола.

При претрес во домот на Б.А., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и В.Ј.(23), Г.Р.(20), Ј.Д.(20) и малолетникот, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави