Search

Бруклин Бекам отвора ресторан во Лондон

Синот на популарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, реши да отвори свој ресторан во Лондон.

Дваесет и четиригодишниот Бруклин одамна покажа страст за готвење и преку своите профили на социјалните мрежи покажува што подготвува дома. Младиот Британец често е мета на потсмев кога подготвува нешто поради повеќе причини, од тостирање на сендвич до дупка во панталоните забележана додека снимал едно од неговите видеа.

Сепак, и претходно изјави дека нема да дозволи „луѓето кои зборуваат глупости за него“ да го одвратат од готвењето, па оние кои ќе се најдат во Лондон наскоро ќе можат да му ја пробаат храната бидејќи има намера да отвори поп-ап ресторан.

Овој ресторан ќе понуди некои од омилените јадења на Бруклин, од Chicken Tikka Masala до карфиол со неговиот „таен“ сос. Ќе може да се купи и неговиот „познат“ англиски сендвич, за кој рецептот го добил од баба му Пеги.

Храната ќе биде достапна само по принцип на достава и тоа преку Uber Eats од 25 јануари.

Како што е познато, младиот Бекам е во брак со милијардерката Никола Пелц.

Треба да знаете
Последни објави