Search

Арсовска: Покана за присуство на конвенцијата беше пратена до сите, да дојдеше и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ќе седеше во првиот ред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со присуството на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на конвенцијата на која таа беше промовирана како нов претседател на Нова Алтернатива, посочи дека покана била пратена до сите политички партии.

-Покана за присуство на конвенцијата беше пратена до сите политички партии, што е и досегашна пракса. Да дојдеше и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ќе седеше во првиот ред, рече вечерва Арсовска во нејзиното гостување во „Само Интервју“ на Канал 5.

Арсовска рече дека во „Нова алтернатива“ ќе има спој на луѓе со кои планираат да ги спојат искуството и енергијата, а кои не биле дел од политиката.

– Ќе се залагаме за правда, правичност, економски просперитет и борба со корупцијата, рече Арсовска.

Треба да знаете
Последни објави