Search

Четворица македонски спортисти на зимските младински игри во Гангвон

Експедицијата, предводена од спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет Владимир Богоевски вчера замина за Гангвон каде ќе настапи во две дисциплини.

Македонските бои ќе ги бранат Давид Торевски и Матеа Трајковска во крос кантри, како и биатлонците Андријана Кајевска и Матеа Трајковска.

Зимските младински олимписки игри „Гангвод 2024“ свечено ќе бидат отворени в петок, а борбите за медали ќе бидат на програмата до 1 февруари.

Македонското знаме на отворањето ќе го носат Кајевска и Торевски.

Треба да знаете
Последни објави