Search

Мала експлозија на рачно изработен механизам пред израелска бродска компанија во Атина

Мал рачно изработен механизам од плински боци бил поставен пред бродска компанија во атинското предградие Пиреас, а од малата екплозија била предизвикана материјална штета на надворешниот дел на објектот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми станува збор за израелска бродска компанија, а сторителите, паралелно фрлиле и флаери со порака за слобода на Палестина.

Од експлозијата со мал интензитет, освен материјална штета, нема повредени лица. 

Треба да знаете
Последни објави