Search

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, јавуваат грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Леонидио на Пелопонез, покажуваат податоците на Геодинамичкиот институт.

Земјотресот е регистриран во 6 часот и 20 минути на длабочина од 14,5 километри.

Податоците покажуваат дека земјотресот бил почувствуван и во областа Атика.

Две минути пред овој земјотрес е забележан уште еден земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, а 14 минути по него нов со јачина од 2,7 степени.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави